Генерален штрајк во Грција: Нема јавен превоз, вести и информативни емисии, не работат банките

Без возови, бродови, без вести и информативни емисии, со затворени банки ќе биде денеска Грција. И без метро и со скратено работно време на автобусите и тролејбусите во Атина, без јавен превоз во Солун, поради новиот 24-часовен штрајк што започна утрово во 6 часот, jави МИА од Атина.
Синдикатот на работници на Грција за денеска закажа 24-часовен штрајк, а учествува и синдикатот на вработените во јавниот сектор со неколкучасовен прекин на работата, односно од 11 часот до крајот на работното време за да го искажат нивното незадоволство од законот за развој што го предлага владата во однос на колективните договори, работничките права и новите регулативи за синдикатите.
Денешниот 24-часовен штрајк го поддржаа и новинарите во приватните и државните медиуми кои нема да емитуваат вести и информативни емисии.

 

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.