Со потоплото време се буди и природата, што значи дека се зголемува бројот на инсекти, како што се мувите, кои обожаваат да се вселуваат во нашиот дом.
За да се ослободите од несаканите натрапници, можете да го искористите овој интересен трик со монети и кеса за замрзнување.
Значи, земете ги монетите и ставете ги во кеса за замрзнување. Додадете вода за да ги покриете монетите.
Кесатра можете да ја закачите на влезната врата или да ја оставите пред прозорецот. Луѓето тврдат дека овој необичен трик навистина функционира.
„Очите на мувите се многу чувствителни на промените во светлината. Затоа, светлината што се рефлектира од монетите ги збунува мувите и ги тера да се оддалечат од вашиот влез“, објасни Андреа Жан, која споделува бројни совети за чистење и уредување на домот.
Нејзиното видео досега собра над 200.000 прегледи, а луѓето што го испробале овој трик велат дека се презадоволни од резултатите.