За време на актуелната администрација на премиерот Христијан Мицкоски, Македонија нагло се сврте кон „српскиот свет“.
Ова го изјави поранешниот премиер на Република Македонија и поранешен претседател на ВМРО-ДПМНЕ Љубчо Георгиевски. Според него, „српското влијание во Македонија никогаш не било толку големо како што е сега“. „Тоа ги помина времињата на поранешна Југославија“, нагласи Георгиевски за БТВ.
Вакво блокирање на евроинтеграциите на Македонија лично не сум видел во последните 30 години. Досега не сум слушнал ниту еден европски политичар да каже дека ја поддржува политиката на владата на премиерот Христијан Мицкоски, рече Георгиевски во одговор на прашањето дали „има европски политичари кои го поддржуваат предлогот на режимот во Скопје за „одложена акција“ за вклучување на Бугарите во Уставот.
Мицкоски и претседателката Гордана Сиљановска-Давкова повеќепати потенцираа дека имаат „поддршка од големите европски и светски лидери за нивниот предлог за „одложена акција“.
„Нема да има опасност за Северна Македонија доколку се смени Уставот и во него се вклучат Бугарите. Со сите овие агресивни муабети како претставниците на македонската влада да сакаат да се докажат пред некој друг“, рече Георгиевски.
Георгиевски рече дека една од првите акции на режимот на Мицкоски и неговиот вицепремиер Александар Николоски била блокирање на Коридорот 8 и забрзување на изградбата на Коридорот 10, кој го поврзува Белград со Скопје и Атина.
За изјавата на Мицоски за постоење на „бугарски диктат“, Лубчо Георгиевски рече: „Јас не гледам бугарски диктат, гледам само српски диктат“.
Тој додаде дека од доаѓањето на Мицкоски на власт немало месец во кој не се слави личност од српската окупација на Македонија.