Германец пред пензија цел ден исчезнал без трага, го нашле заклучен во тоалет на работа

66-годишен Германец и неговото семејство преживеале голема траума која траела цели 20 часа, откако тој исчезнал без трага во општината Ној-Улм. Човекот, чие име полицијата не го соопшти, последен пат бил виден во петокот попладнето и никој не можел да стапи во контакт со него, а семејството повикало полиција и го пријавило како исчезнат.

Властите организирале потрага, во која ја посетиле и компанијата во која работи човекот, пренесува „Меркур“.

Поради тоа што бил викенд, во фирмата немало многу луѓе. Обезбедувањето успеало да го лоцира човекот – тој бил пронајден заклучен во тоалетот, без телефон. Вратата од кабината се заклучила и тој останал внатре, а немало кој да го ослободи бидејќи неговите колеги заминале дома.

Дури ни полицајците не можеле да ја отклучат вратата, па напомош морале да ги повикаат локалните пожарникари, кои употребиле специјален алат за конечно, по 20 часа, да го ослободат несреќниот човек. Тоа се случило дури во четири часот наутро, јавуваат локалните медиуми.

Пронајдете не на следниве мрежи: