Германија ги испрати првите антиковид вакцини на „Бионтек“ за Кина

Германија и ја испорача на Кина првата пратка вакцини против Ковид на фирмата „Бионтек“, соопшти портпарол на германската Влада. Тоа е прва вакцина против Ковид-19 во Кина обезбедена од друга земја. Нема информации за тоа кога пратката ќе стаса во Кина, ниту колкав број вакцини создржи.

Вакцините беа испратени откако Кина се согласи да дозволи германските граѓани во земјата да се имунизираат со вакцина на „Бионтек“. Дозволата беше дадена како резултат на договорот постигнат минатиот месец за време на посетата на Пекинг на германскиот канцелар Олаф Шолц, кој исто така инсистираше вакцината да биде слободно достапна за кинеските граѓани.  

Пекинг досега инсистираше на употреба исклучиво вакцини од домашно произведство што не се засноваат на западната технологија на mRNA, туку изработени по потрадиционални методи.


Пронајдете не на следниве мрежи: