Германија забрани две ултраконзервативни исламските групи

Германските власти забранија уште две ултраконзервативни исламистички организации кои наводно биле вмешани во активности кои се косат со германскиот устав, со што ја продолжи пресметката со салафистичките групи.

Министерот за внатрешни работи Ханс-Петер Фридрих преку соопштение информираше дека полицијата во средата упаднала во две згради во покраините Северна Рајна-Вестфалија и Хесен, каде штос е собирале припадници на организациите „ДаваФФМ“ и „Исламски аудиоси“.Двете организации сега се забранети, а минатогодишната забранета за организацијата „Милату Ибрахим“ сега е проширена и на нејзината сестринска група „Ан-Нушра“.Групите ДаваФФМ“ и „Исламски аудиоси“ настојувале со насилство, со помош на оружје, да го променат нашето општество и даја заменат демократијата со салафистички систем, чија основа е исламското шеријатско право, вели Фридрих. Германија засилено ги следи салафистите, кои во Германија ги има околу 4.000, по нивните судири минатата година со полицијата во Бон, за време на протестите на екстремната десница.
Макфакс
Германските власти забранија уште две ултраконзервативни исламистички организации кои наводно

Пронајдете не на следниве мрежи: