Германија побара да се поддржи дијалогот меѓу Србија и Косово

Хофман во Берлин изјави дека германската Влада го поздравува намалувањето на тензиите меѓу Косово и Србија, додавајќи дека зближувањето на двете земји е добар показател

Заменик-портпаролката на германската Влада, Кристијане Хофман, истакна дека е важно да се поддржи дијалогот меѓу Србија и Косово.

Хофман во Берлин изјави дека германската Влада го поздравува намалувањето на тензиите меѓу Косово и Србија, додавајќи дека зближувањето на двете земји е добар показател.

Таа потсети дека Србите ги отстраниле барикадите поставени на патиштата во северниот дел на Косово, и дека Косово го отворило граничниот премин со Србија.

„Пред сè важно е да се поддржи дијалогот меѓу Косово и Србија“, нагласи таа.

Хофман истакна дека Германија го поддржува овој дијалог, како и напорите на ЕУ за посредство.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.