Луѓето почнаа да искажуваат гнев на социјалните мрежи откако интерно писмо на болницата во кое се бара собирање на „медицински материјали на кои им е истечен рокот на траење“ за жртвите од земјотресот во Турција и Сирија стана вирално.
Додека глобална помош продолжува да пристигнува во Туркција и Сирија по двата големи земјотреси кои го погодија регионот на 6 февруари, германска болница одлучи да покрене акција – со медицински материјали на кои им е „истечен рокот на траење“.
Во соопштението персоналот на Универзитетската болница во Улм е повикан да помогне во донирање на материјал за поддршка на Туркије и Сирија.
„Можете да соберете сето она на што му е истечен рокот или од разни причини отишло во отпад“, стои во повикот за помош, а со болдирани букви било напишано „сето она на што му истекол рокот на траење“. „Материјали кои уште се во употреба и на кои не им е истечен рокот се исклучени“, пишува понатаму во писмото.
Кога веста почнала да се шири на социјалните мрежи, неколку корисници на социјалната мрежа Твитер искажале незадоволство поради таквиот потег, а некои се запрашале: „Каде ви е човечноста?“.
Во соопштение објавено потоа, болницата тврдеше дека писмото „не е овластено, службено писмо“, туку дека е од „интерна е-пошта“, додавајќи дека установата жали „поради недоразбирањата кои настанаа“.
„Се собираат моментално изминати, но потполно функционални, висококвалитетни и оригинално запакувани потрошни материјали – како што се преврски, гастрични цевки или уринарни катетри“, се вели во соопштението на болницата за појаснување на одлуката.
Пронајдете не на следниве мрежи: