Германската биотехнолошка компанија CureVac соопшти дека нејзината вакцина против коронавирусот може безбедно да се чува до три месеци во обичен ладилник, што веројатно ќе помогне да се избегне големата логистичка пречка кога станува збор за нејзината дистрибуција, пренесе Fox News.
Во соопштението што денеска го објави компанијата се наведува дека нејзиниот производ, што е кандидат за вакцина темелена на mRNA, CVnCoV, останал стабилен и во рамките на дефинираните спецификации најмалку три месеци кога се чува на 5 степени Целзиусови и до 24 часа на собна темепература кога е подготвен како вакцина за употреба.
Our #mRNA #COVID19 #vaccine candidate shows encouraging stability data: #CVnCoV remained stable & within defined specifications for at least three months at standard refrigerator temperature & up to 24 hours as ready- to-use vaccine at room temperature👇https://t.co/XUcRPv0ZFC pic.twitter.com/ROqpd8KGeH
— CureVac (@CureVacRNA) November 12, 2020
„Транспортот и чувањето на вакцините за кои е потребна ултраниска температура за да бидат стабилни, беше предмет на интензивна дебата и загриженост во поглед на изводливоста, дополнителните трошоци и расипувањето“, рече д-р Флоријан фон дер Мулбе од CureVac.
Тој додаде дека компанијата е „многу охрабрена од извонредната стабилност на нашиот кандидат за вакцина против COVID-19 кога се чува во стандарден ладилник, како и со примената на собна температура“.
„Оваа компатибилност, исто така, потенцијално овозможува децентрализирано складирање и може значително да ги олесни напорите за големи вакцинации за време на тековната пандемија, додаде Фон дер Мулбе.