Ги измамија радарите! Украинците се загрижени за новите руски „герани“! Москва ги прави на посебен начин

За време на неодамнешниот напад на Киев и неколку градови во централна и северна Украина, руската армија за прв пат употреби нови беспилотни летала камикази наречени „Геран“.

За разлика од првите верзии, кои беа во бела боја, новите верзии се црни и потивки од претходните, што им создава голема тешкотија на украинските сили за воздушна одбрана.

Висока загаденост на воздухот во Македонија: Во Кичево девет пати над дозволеното
Загаденоста на воздухот вечерва во Македонија е на високо ниво, покажуваат податоците од платформата на Министерството за животна средина air.moepp.gov.mk Дозволени според закон во Македонија се 50 микрограми на …
Околу 80 отсто од потврдените смртни случаи во Газа се луѓе убиени во израелски напади врз станбени згради
Околу 80 отсто од потврдените смртни случаи во Газа се луѓе убиени во израелски напади врз станбени згради, објави денеска агенцијата на ОН за палестински бегалци (УНРВА), повикувајќи се …

Неколку дена по падот на првиот црн „геран“, портпаролот на украинската РВ Јуриј Игнат јавно проговори и изјави дека нема слика, туку дека Русија употребила нов тип на беспилотно летало чиј што целиот труп е направен од јаглеродни влакна.

Како што објасни Игнат, карбонот се користел од причина што овој материјал овозможува апсорпција на радарските сигнали и го отежнува нивното соборување од артилериските единици за противвоздушна одбрана.

Кога го споредиле моторот од еден од соборените „герани“, виделе дека има модификација на постоечкиот мотор, што го прави многу потивок од претходниот. Исто така, новите „Герани“ носат поголема боева глава со тежина од околу 70 километри од претходникот, која изнесуваше 50 килограми.Покрај тоа, комплетниот контролен систем наместо ГПС е префрлен во рускиот сателитски систем за позиционирање ГЛОНАСС, што го олеснува користи и ја спречува можноста за мешање со овие дронови.

„Герани“ исто така го задржаа својот карактеристичен труп, а оваа верзија на дронот камиказа го доби името „геран-2“.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.