Ванг Хаинг, фармацевт од болницата на Медицинскиот универзитет во Пекинг, рекол дека носењето маски и миењето раце не се доволни за заштита од коронавирусот.
Познато е дека носот е „врата“ кон дишните птишта, во него нечистотијата може лесно да се задржи. Во носната шуплина, објаснил Хаинн, постојат влакненца и бројни набори во слузницата во која се собира нечистотија, микроорганизми и вируси. Затоа предлага внатрешноста од носот да се измива по враќањето дома.
-Ако сте изложени на загадено опкружување, измивањето треба да се изврши веднаш, што излезете од тоа опкружување, а препорака е неколку пати дневно да се измива, објаснува тој.
За повеќето доволно е да се измива со зовриена вода, чија температура е близу телесната температура. Премногу студена или премногу топла вода може да ја надразни слузокожата.
Хаинг советува употреба на солена вода за пациентите со хроничен ринитис, како и за лицата со многу запушен нос. Таквата вода го намалува отекувањето на тковото на носната шуплина и слузокожата.
При измивање на носот главата треба малку да се спушти за водата да не отиде во респираторниот тракт. Вовлечете вода во едната ноздрва, па силно издувајте. Така направете и со другата ноздра.Целта е бактериите и вирусите да се исфрлат од носот, а не да се вовлечат во белите дробови. Бидете внимателни додека го правите ова.