Кинеската социјална мрежа Tик Ток се соочува со бран тужби во САД, бидејќи нејзиниот алгоритам, според обвинителите, ги наведува децата и ранливите луѓе да извршат самоубиство.
Во рамките на персонализираниот извор, Тик Ток им препорачува на корисниците содржини кои говорат за депресија, безнадежност, смрт и други мрачни теми, пренесува Блумберг.
Претседателот на таа компанија, Шо Чу поради споменатите контроверзи минатиот месец мораше да одговара на непријатни прашања во американскиот Конгрес. Родителите на американскиот тинејџер Чејс Наске (16), кој се самоуби минатата година, наводно под влијание на мрачна содржина препорачана од Тик Ток, во март покренаа тужба против компанијата.
Родителите на Чејс Наске, врз основа на податоците од неговиот телефон, тврдат дека тинејџерот не барал активно таква содржина, туку дека тоа му е предложено од алгоритамот. Оригиналниот алгоритам на Тик Ток, кој препорачува содржина е креиран од група инженери во Кина кои работат за компанијата „ByteDance“, која е сопственик на Тик Ток, но сега се користи насекаде во светот освен во Кина, додаде Блумберг.
Во Кина, невозможно е да се преземе апликацијата Тик Ток. Таа кинеска социјална мрежа тврди дека нејзиниот алгоритам сега го одржуваат тимови инженери ширум светот, од Северна Америка, Европа и Азија. Десеттина луѓе кои биле вработени во Тик Ток тврдат дека клучевите од алгоритмот сè уште ги држат шефовите и инженерите во Пекинг.
Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.