По објавите на одредени медиуми во регионот дека, наводно, Марија Шерифовиќ ќе ги напушти “Ѕвездите на Гранд“, а нејзино место ќе го заземе Мира Шкориќ, се огласи и продукцијата и демантираше.
“Бидејќи некои медиуми објавија дека Марија Шерифовиќ ги напушта “Ѕвездите на Гранд“ и дека повеќе нема да биде дел од жирито, продукцијата ги демантираше овие написи. Станува збор за невистина, која има за цел чист сензационализам и збунување на кандидатите на кои оваа пејачка им е ментор. Односно, Марија не го напушта музичкото натпреварување, ниту пак имаше таква тема на разговор. Се гордее на нашето жири и нема да дозволиме нивнита имиња и презимиња да бидат поврзени со невистина“ информираат од “Гранд продукција“.