Ги оставам децата да преспијат кај баба и дедо и не, не ми недостасуваат

Моите деца ги пуштам да преспиваат кај бабите и дедовците, но не, не ми недостасуваат. Искрено, едвај ги чекам тие денови.
Сметам дека тоа ме прави подобра мајка. Добро е за мене, но и за нив.
Излеговме со пријателите минатиот викенд и кога ме прашаа каде ми се децата им одговорив дека ги оставив да преспијат кај баба им. Една од пријателките тогаш ми рече: „Ох, мора да ти е тешко, сигурно ти недостасуваат!“
Си реков во себе: „Не, не баш!“
Добро е за мајките да одморат. И моментот кога се радувате дека ќе имате ден или вечер за себе без децата, не ве прави лоша мајка, туку човечко суштество.
Добро е за мене и моето ментално здравје кога поминувам време без нив.
Секогаш е добро да имате време за вечера со нивниот татко, кој покрај тоа што е татко е и ваш сопруг.


Важно е да се потсетите дека не сте само мајка и татко, туку и брачни партнери. Дека треба да поминувате време сами.
Важно ми е да се сетам дека не сум само мајка. Туку многу повеќе.
Исто така сметам дека е важно моите деца да поминуваат време со бабите и дедовците. Ги сакам повеќе од сѐ на светот, но не ми недостасуваат во моментите кога добивам шанса да одморам.
Овие мини паузи се многу значајни за мене како мајка и како човек. Исто така децата добиваат шанса да прават работи без мене и да го истражуваат светот.
Паузите не се само важни кога сте родител, тие се неопходни и потребни.
Па, затоа, не ми недостасуваат децата кога ги оставам да преспијат на друго место.
Во ред е да го направите ова и да сте среќни.
Да, вие сте мајка, но исто така сте и човечко суштество со свои потреби.
Земете си време за себе и немојте да чувствувате вина за истото.
Во ред е да не ви недостасуваат децата.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.