Шпанија е една од земјите кои се најсилно погодени од коронавирусот во светот. Според последните податоци, заразени се повеќе од 517 000 луѓе, додека починале 29 418 лица.
Властите се обидуваат на секој начин да го спречат ширењето на вирусот, па затоа прибегнаа кон нови тактики за понатамошно подигнување на свеста кај луѓето за штетноста на коронавирусот.
Имено, на социјалните мрежи кружи видео од хеликоптер како прелетува на плажа во Мајорка и преку разглас ги предупредува туристите за новите мерки против Ковид-19.
🚁 Sinceramente me parece espeluznante ..
Mallorca. España 🇪🇸 pic.twitter.com/2DAVGRNrLw
— Noelia de Trastámara (@N_Trastamara) September 5, 2020
Оваа сцена наиде на негодување од бројни луѓе, сметајќи дека владата станува авторитативна.
– Хитлер би бил горд. Целосна контрола на државата. Екстремната авторитетна машина на владата се сврте против луѓето од кои зема ресурси за да го финансира хеликоптер-нацистичкиот ковид режим – коментира еден од твитерџиите.