Глава, стомак, нозе: Делови од телото што откриваат колку сте паметни

Вашиот мозок не е единствениот дел од телото што открива колку сте паметни. Прочитајте кои се четирите делови од телото што откриваат дали сте надпросечно интелигентни.
Глава, стомак, нозе: Делови од телото што откриваат колку сте паметни
Долги нозе
Едно истражување открило дека високите луѓе може да заработат повеќе отколку ниските колеги, затоа што се попаметни. Истражувачите користеле податоци од раѓањето на една личност до моментот на истражувањето и тоа за висината, тежината, интелигенцијата, образованието и платите на луѓето родени во Америка или Англија помеѓу 1958 и 1970 година.


Резултатите од оваа анализа покажале дека луѓето кои биле високи како деца, многу подобро поминуваат на когнитивните тестови. Покрај тоа, тие се почесто на позиции кои се подобро платени и кои бараат поголема интелигенција и многу добро развиени вербални и нумерички вештини. Научниците сè уште не се баш сигурни какво влијание има тоа врз мозокот на една личност, но тие претпоставуваат дека генетиката или соодветната грижа во младоста од страна на родителите може да игра голема улога во развојот на мозокот.
Левата рака ви е доминантна
Ако левата рака ви е доминантна, тоа не значи автоматски дека сте генијалец, но можно е да имате некои предности. Во Атина било спроведено едно мало истражување врз 100 студенти, каде половина од испитаниците пишувале со лева рака, а половина со десна. Истражувањето се состоело од два когнитивни теста.
Во едниот тест се барало од испитаниците да направат патека по насликаните кругови колку што е можно побрзо, а другиот се состоел од низа букви и броеви. Луѓето чијашто лева рака е доминантна постигнале подобри резултати и на двата теста, што укажува на тоа дека тие имаат подобра работна меморија и ментална флексибилност.
Некои експерти веруваат дека овие когнитивни способности се присутни затоа што овие луѓе можат да ги користат и десната и левата страна на мозокот за обработка на информации.


Голем стомак
Високиот процент на мрснотии во стомакот сигурно ќе влијае негативно на речиси сите аспекти на здравјето, од висок крвен притисок до здравјето на срцето, но и на когнитивните функции. Во едно истражување што траело 5 години, истражувачите следеле 2.200 луѓе, а сите испитаници кои имале индекс на телесна маса од 20 или помалку, биле во можност да се потсетат на 56% од зборовите во тестот за вокабулар, додека тие што имале повисок иднекс на телесна маса се сеќавале на 44% од зборовите.
По пет години, кога тие лица биле повторно повикани на тестирање, се сеќавале на 37,5% од зборовите. Д-р Максим Курно, авторот на студијата, верува дека хормоните кај овие луѓе може да влијаат на оштетувањето на мозочните клетки.
Голема глава
Никој не сака да биде опишан на тој начин, но вистината е дека можете да бидете попаметни поради големата глава. Резултатите од спроведеното истражување биле објавени во списанието „Молекуларна психијатрија“ и биле набљудувани 500.000 луѓе, во форма на когнитивни и физички проценки, а исто така биле следени наодите за крв, плунка и урина кај секоја индивидуа.
Резултатите наведуваат дека оние луѓе кои имале голема глава додека биле деца, постигнуваат подобри резултати на вербално-нумеричките тестови и имаат поголеми шанси да се стекнат со универзитетско образование.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.