Главниот адут на Мицкоски, Воислав Зафировски бараше најстроги казни за 27ми април

Главниот адут на Мицкоски, Воислав Зафировски бараше најстроги казни за 27ми април

Воислав Зафировски е бивш советник во МВР и Владата на Сдсм од периодот 2002-2006 година и портпарол на МВР во периодот 2002-2003 година.

Денес на прес конференција Христијан Мицкоски соопшти дека Воислав Зафировски од политичката партија Интегра преминува во Вмро Дпмне, за почеток како член, но не се исклучува можноста да биде назначен на некоја од раководните функции во Вмро Дпмне.

Восилав Зафировски во јавноста е познат од 2013 година кога по голем скандал беше разрешен од собраниската комисија за избори и именување од позицијата член на Антикорупциска комисија бидејќи ја злоупотребил службената положба и овластувањата.

Членовите на Вмро Дпмне и добар дел од јавноста го паметат и по гостувањето во емисијата “Код” на телевизија Телма, кога во својство на бивш началник во внатрешна контрола отворено побара да се казнат полицајците и раководните структури во МВР за настаните од 27ми април, а за останите кажа дека треба да одговараат за тероризам.

Воислав Зафировски е бивш советник во МВР и Владата на Сдсм од периодот 2002-2006 година и портпарол на МВР во периодот 2002-2003 година.

Реакциите меѓу членството на ВМРО-ДПМНЕ се и повеќе од негативни. Но, сепак, Мицковски најдобро си ја знае пресметката во врска со овој негов потег…

Избор: МЕДИА.МК

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.