Гледај ја мајката, одбери ја ќерката: Пејачката Маја Оџаклиевска има ќерка која буквално е клонирана во неа, таа е заносна бринета

Андреа Оџаклиевска, наследничката на пејачката Маја Оџаклиевска речиси е вистинска копија на својата мајка.
Андреа која често ја пратела пејачката во своите телевизиски настапи како мала уште од тогаш ги добивала сите комплименти за својот сјаен изглед.


Денес, таа порасна во вистинска убавица која на социјалните мрежи е активна, особено на Инстаграм каде неретко споделува фотографии со својата мајка.


Фановите се едногласни, двете се речиси копии една на друга, а помеѓу се што наследила од својата мајка е и широката насмевка која ја краси пејачката веќе со децении.
Маја ја има и ќерката Теа која пред шест години го роди нејзиниот син Лука и ја направи горда баба.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.