Глобалните инвестиции во војската зголемени за девет проценти


Во последната година инвестициите во војската на глобално ниво се зголемија за девет проценти до рекордни 2,2 трилиони долари годишно. Новата анализа предвидува уште поголем пораст на воените инвестиции оваа година бидејќи светот влегува во „поопасен период“.

Според истражувањето објавено денеска од страна на Меѓународниот институт за стратешки студии, Русија троши над 30 отсто од својот буџет на војската. Земјите на НАТО ги зголемија инвестициите во војската за 30 посто во последната деценија, што веројатно е реакција на руската инвазија на Крим во 2014 година.

Доналд Трамп предизвика бурни реакции кога пред два дена се пожали на некои членки на НАТО дека не ја исполнуваат минималната инвестиција во војската што ја предвидува НАТО, а која изнесува 2 отсто од државниот буџет. Трамп рече дека поддржува напади врз членките на алијансата кои не го исполнуваат тој услов.

Во студијата, Меѓународниот институт за стратешки студии напиша дека САД и Европа го зголемуваат производството на ракети и муниција, со фокус на артилериските и воздушните одбранбени системи, области кои биле запоставени од Студената војна. Кина и Русија се повеќе фокусирани на новите технологии, како што се хиперсонични ракети кои патуваат повеќе од пет пати побрзо од звукот, што прави многу тешко да се пресретнат.

Кинеската комунистичка партија има зголемена способност да проектира моќ, поради што западните земји и другите азиски земји ја зголемуваат соработката, се вели во студијата. Покрај тоа, Меѓународниот институт забележа зголеменото влијание на Иран, кој ги снабдува Хутите со проектили и продава беспилотни летала на Русија.

– Реклама –

Пронајдете не на следниве мрежи: