Вчера во 17.15 часот во ОВР-Прилеп, В.М.(68) од Прилеп пријавил дека во зграда на ул. Гоце Делчев од страна на едно лице, кое според пријавеното му било познаник, бил испрскан со спреј по што му го одзело паричникот во кој имало пари.
„Се преземаат мерки за расчистување на настанот“, информираше Министерството за внатрешни работи (МВР).