Чај од коприва: Го намалува шеќерот во крвта и го регенерира телото
Копривата е билка која е богата со витамини, минерали и лековити материи. Листот од коприва ефикасно ги олеснува ревматските тегоби, а исто така е и одличен диуретик.
Лабораториските испитувања кои биле спроведени во Германија во 1999 година покажале дека листовите од коприва имаат моќен антивоспалителен ефект. Копривата делува против дијареја и помага во лекување на хемороиди.
Чајот се користи за испирање на уринарните патишта и за спречување на создавање на песок во бубрезите. Копривата го намалува и нивото на шеќер во крвта па затоа се користи и во бројни мешавини на чаеви против дијабетес.
Чајот од коприва е одлично средство за зајакнување на организмот бидејќи го поттикнува апетитот, го снабдува телото со железо и успешно делува против уморот. Во надворешната употреба, копривата се користи за лекување на многу кожни проблеми како акни, егзема, масна кожа и првут.
Чај од коприва
Потребни состојки:
•2 лажички листови од коприва
•250 милилитри вода
Припрема:
Свежите или сувите листови од коприва прелијте ги со врела вода, оставете да отстојат 10 минути во поклопен сад, а потоа процедете.
Примена:
Чајот од коприва може да се консумира еднаш до три пати дневно за лекување на ревматски болки, умор, слабокрвност и намален апетит.