МАРТИНЕЗ: Го остваривме сонот на цела Аргентина – уште не ми се верува!

Емилијано Мартинез, „единицата“ на Аргентина е јунак на вечерта во спектакуларното финале на СП во Катар, откако спаси чист гол за победа на Франција во 120+4-та минута за победа на „триколорите“, а одбрани и еден пенал во рулетот за „гаучосите“ да дојдат до третата светска титула во историјата, прва после ерата на Диего Марадона во 1986 година.

Мартинез не можеше да ги сокрие солзите радосници после големата победа и остварувањето на сонот на секој Аргентинец.

„Не можам да поверувам – го остваривме сонот. Го остваривме сонот на сите Аргентинци. Немам зборови да опишам како се чувствувам. Ова е еден момент кој никогаш нема да го заборавам, ни јас, ни моите колеги“, рече Мартинез.

За пенал-рулетот кој решаваше вечерва посочи дека ја сочувал смиреноста.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.