ГО ПОБЕДИ ЦЕЛ ЕСТАБЛИШМЕНТ! Новак Ѓоковиќ: Ова е најголемата победа во мојата кариера! БРАВО!!

Новак Ѓоковиќ го освои 22. трофеј на Грен слем турнирите, откако десетти пат се израдува на Австралија Опен.

Ѓоковиќ витешки го издржа сè она што го следеше во последните година дена откако лани прво беше држен во притвор во Мелбурн па депортиран од Австралија поради неговиот вакцинален статус.

ГО ПОБЕДИ ЦЕЛ ЕСТАБЛИШМЕНТ! Новак Ѓоковиќ: Ова е најголемата победа во мојата кариера! БРАВО!!

Година дена подоцна стигна до 22. Гренд слем трофеј со што се израмни со Рафа Надал на вечната листа.

Ѓоковиќ и овојпат беше демонизиран од страна на голем дел медиуми откако татко му се најде во фокусот на вниманието по четвртфиналниот дуел на Новак со Русинот Рубљов, па и тука мораше да го брани својот и интегритетот на своето семејство.

Сега откако убедливо го освои Гренд Слемот, не можеше веќе да ги држи емоциите и се расплака.

Ѓоковиќ беше особено емотивен, а освен преку солзите, тоа се виде и во неговата изјава.

„Јас и Циципас доаѓаме од две мали земји без тениска традиција. Пораката за секој млад играч која ја испраќаме  до сите млади играчи, било каде на светот е да сонуваат високо, сè е можно! Не дозволувајте било кој да ви ги одземе соништата, мислам дека секој што минувал тежок период, станува посилен, а тоа го докажуваме јас и Стефанос.

Ова беше неверојатно патување за мене, мојот тим и семејството. Знам дека сите ги толерираат моите лоши карактерни особини, но ја ценам вашата љубов. Горане… не знам дали некогаш ќе ми простиш, меѓутоа морам да повторам дека овој трофеј е ваш исто колку што и мој. Не играв минатата година, се вратив сега и сакам да се заблагодарам на сите. Постои причина што тука го играм најдобриот тенис, пред легендарниот Род Лејвер. Мојот тим знае низ што минавме во последните четири, пет седмици. Ова е мојата најголема победа во животот, со оглед на сите околности“, кажа Ѓоковиќ.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.