Го прочитала дневникот на својата 12-годишна ќерка и открила ужасни работи

Мајка на 12 годишно девојче открила дека нејзината ќерка ја силувал постар тинејџер откако го прочитала нејзиниот дневник, пренесува Дејли Меил.

Тејлор Џејмс Дусен (18) од Мичиген ќе биде осуден на најмалку 5 години затвор, додека најголемата можна казна која му следува е 25 години.

Тој е прогласен за виновен за силување на дете кое е помладо од 13 години. Полицијата е известена за нападот откако мајката на девојчето го прочитала нејзиниот дневник.

Според обвинителството, Дусен својата жртва ја запознал пред да го изврши нападот. Девојчето (12) го запознал преку заеднички пријател 2016 година.

Тој нападот го извршил во март 2017. година во куќата на својата жртва.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.