Годишната инфлација во еврозоната и Европската унија ослабела во февруари, објави во петокот европската агенција за статистика.
Во февруари потрошувачките цени во еврозоната пораснале на годишно ниво за 1,8 отсто, додека во Европската унија за два процента. Во јануари овие податоци беа зголемени, и тоа за два отсто во 17-члената зона на примена на единствената европска валута, односно за 2,1 проценти во 27-челната Европска унија, покажуваат податоците објавени од Eurostat.
Меѓу поединечните земји во Европската унија, најголема годишна инфлација во февруари забележала Романија, од 4,8 отсто. Следува Естонија со стапка на инфлација од 4 проценти и Холандија со 3,2 отсто. Најниската стапка на инфлација е регистрирана во Грција каде цените на годишно ниво пораснале за 0,1 отсто. Следува Португалија со годишна стапка на инфлацијата од 0,2 отсто и Латвија со годишна стапкана инфлацијата од 0,3 отсто.
На растот на цените во февруари на годишно ниво најмногу влијаел растот на цените на електричната енергија, како и на овошјата и на тутунот, додека паднале цените на телекомуникациските услуги, медицински и болничките услуги, како и на облеката.
На месечно ниво, цените во февруари и во еврозоната и во Европската унија пораснала за 0,4 отсто.
Макфакс
Годишната инфлација во еврозоната и Европската унија ослабела во февруари, објави во петокот е