Голем напредок – Просечната нето плата во Македонија порасна за 125 денари

Просечната нето плата во септември 2018 година изнесува 24.355 денари и бележи раст во однос на септември 2017 од 4,8 отсто, објави Државниот завод за статистика.
Ваквото зголемување се должи, пред сé, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите рударство и вадење камен за 21,9 отсто, информации и комуникации за 15,2 отсто и дејности на здравствена и социјална заштита за 11,1 отсто.
Зголемување на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во однос на претходниот месец, е забележано во секторите дејности на здравствена и социјална заштита за 4 отсто, образование за 2,4 отсто и други услужни дејности  за 1,5 отсто.
Просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен во септември 2018 изнесува 35.794 денари.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.