Голем пожар избувна синоќа околу еден часот по полноќ во шумата на плажата Зрќе, кај градот Новаља на хрватскиот остров Паг, соопшти тамошната полиција. Пожарот го гаснат три авиони и голем број пожарникари. Силната бура го отежнува гаснењето на огнот, кој се проширил до патот Новаља – Паг, а илјадници луѓе се евакуирани.
Како што изјави портпаролката на полициската управа на личко-сењската жупанија, Маја Брозичевиќ, евакуирани се околу 10.000 лица, бидејќи на местото зафатено од пожарот се одржувал Фреш Ајланд фестивалот.