Голем скандал во Пентагон: Американските маринци организирале јавни куќи и трговија со бело робје!?

Списокот на „достигнувања“ на некои американски маринци кој се наоѓаат во Бахреин е: организирање бордели за давање интимни услуги, трговија со луѓе, одземање на пасошите на „кралиците на ноќта“ за да ги држат под контрола.

Американски сенатори бараат од Пентагон да ги испита скандалите на морнарите од Петтата флота, пренесува весникот „Известија“

Причината за обраќањето на групата сенатори до секретарот на морнарицата на САД, Кенет Брејтвујт, е истражувањето спроведено од списанието Military Times. Новинарите дошле до информации дека некои морнари од петтата флота работеле како макроа. Службата за кривична истрага објави дека овој бизнис се развил во последните неколку години и дека секој десетти морнар од 7.500 морнари знаел за тоа.

Важен момент во истрагата беше кореспонденцијата меѓу американскиот морнар во Бахреин, Џихад Литлџон, кој служеше на бродот Ураган. Тој ги користел услугите на тајландската „кралица на ноќта“ Лин Рејест, која го организирала пристигнување на други проститутки од Тајланд во Бахреин.

Таа и Литлџон работеа заедно. Тој и плати нешто повеќе од 2.500 долари за да донесе три нови девојки, а таа му го даде нејзиниот пасош како гаранција. Меѓутоа, Лин исто така беше соработник и даваше информации на Морнаричката служба за криминалистички истраги.

Морнарите ги сместувале проститутки во станови, кои биле платени од државниот буџет, им ги одзеле пасошите и профитирале од продажба на нивните сексуални услуги на своите колеги морнари, кои живееле на островот – пишува Military Times. Од 2017 година обвинети се девет морнари, меѓу кои и пет офицери. Според еден од обвинетите, околу 15 отсто од американските војници во Бахреин ги користат своите службени станови како места за проституција.

Претставниците на морнарицата тврдат дека од 2018 година немало нови случаи во организација на интимни услуги, а сенаторите се плашат дека може да се појават вакви проблеми на други локации на Пентагон.

Морнарицата не сакаше да покаже некои важни материјали и докази што би помогнале во истрагата, како што беше побарано од „Military Times“.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.