Попладнево во на градскиот кеј пред хотелот “Палас” во Охридското езеро се појави голема мрсна дамка, јавува СДК.
Станува збор за масло кое е испуштено во езерската вода. Во црната дамка која плива по езерската површина има и мртов стаорец, а дел од граѓаните кои шетаа крај кејот велат дека виделе уште неколку мртви животни во езерото.