ГОЛЕМА ПРОМЕНА ВО ГЕРМАНИЈА, НА МНОГУ НЕМА ДА ИМ СЕ ДОПАДНЕ? Шолц им порача на една категорија од населението: ИЗДРЖЕТЕ!

Новото обраќање на канцеларот Шолц во Германија.

Во Германија има тренд на предвремено пензионирање, па владата ќе се обиде да го зголеми бројот на работници кои ќе работат до 67 години, рече Олаф Шолц. Важно е да се зголеми уделот на оние кои реално можат да работат до возраста за пензионирање, изјави тој за медиумската група „Функе“.

Владата сака повеќе луѓе во Германија да се пензионираат на 67 години, наместо на 63 или 64 години, како што често се случува. Сепак, тоа е тешко за многумина , додаде тој. Шолц, исто така, гледа „потенцијал за зголемување“ на учеството на жените на пазарот на трудот.

Но, за да успее ова, мораме да ја прошириме понудата на продолжен дневен престој во јасли, градинки и училишта – нагласи тој.

Економистите и работодавачите во Германија долго време бараат зголемување на старосната граница за пензионирање на 70 години, вклучително и стабилизирање на пензискиот систем. Но, владејачките партии обезбедија одредба во коалицискиот договор дека сегашната старосна граница за пензионирање од 67 години не подлежи на зголемување.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.