Големо невреме го зафати главниот град!

Силно, но кратко невреме го зафати Скопје неколку минути пред 17 часот.

На силниот дожд му претходеше интензивен ветар, со страшни налети кои создаваа морничав звук.

Ветерот носи се пред себе.

Видливоста во градот е намалена од бурата и од дождот, а некои сообраќајници се поплавени.

Возила речиси и да нема по улиците, веројатно благодарение на предупредувањето од метеоролозите дека денеска попладне Македонија ќе биде зафатена од циклонско невреме.

Според метеоролозите, невреме ќе зафати голем дел од територијата на државата, а најинтензивни врнежи во Скопје се очекуваат во текот на ноќта.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.