Големо поскапување на цигарите во Македонија

Од вчера, цигарите произведени од Империал Тобако ТКС АД Скопје, вклучувајќи марки како Родео, Вест, Жаде и Давидоф, се достапни по нова цена, која е повисока за 10 денари.

Очекувањата се дека и цигарите од други производители ќе доживеат покачување на цените во наредните денови.

Овие зголемувања произлегуваат од новиот Закон за акцизи, усвоен во октомври 2023 година, кој предвидува годишни покачувања на цените на цигарите на 1. јануари. Владата планира да собере дополнителни 13 милиони евра годишно од оваа основа.

Пронајдете не на следниве мрежи: