Директорот на Дирекцијата за заштита на личните податоци, Горан Трајковски ќе биде нов генерален директор на Еуростандард банката, пренесува “Прес 24“. Трајковски даде оставка на досегашната функција објаснувајќи дека не се повлекува паоради најавената “метла“ од Владата, туку заради нова функција.
– Апсолутно, нема врска со метлата. Ми кажаа дека медиумите пишувале дека има негативно мислење од Владата. Ако проверите, ќе видите дека мислењето за последниот поднесен извештај е позитивно во целост. Не би сакал повеќе да коментирам, сакам само да се верификува оставката. Одам на друга функција, изјавил Трајковски.