Готвењето на плин е страшно лоша навика: Дознајте зошто и што треба да направите!

Не пушите, спортувате и внимавате на исхраната и сметате дека сте направиле сé на полето на чување на вашето здравје. Она што го заборавате се останатите, навидум безопасни навики, кои му штетат на организмот во иста мера со, на пример, пушењето.
Разликата е единствено во механизмот на кој долгорочниот негативен ефект се таложи во вашето тело.
Па, една од тие навики е и готвењето на плин.
За разлика од електричните рингли, плинските имаат една маана. Додека готвите, се ослободува дополнителна количина на јаглероден моноксид, азот диоксид и формалдехид. Да биде појасно, ова е истото она трио на загадувачи што несакајќи го консумирате додека го вдишувате чадот од туѓа цигара т.е. при „пасивно пушење“.


Затоа, кога готвите, особено на плин, вклучете го аспираторот во кујната. Аспирацијата го смалува нивото на загадувачи и штетни гасови за огромни 60-90%.
Ако веќе не можете да прекинете со цигарите, или да се заштите од штетното влијание на гасот и загадениот воздух, неопходно е барем од време на време, колку што е можно, да ги прочистите белите дробови од никотинот и останатите отрови наталожени во нив.
Овој рецепт се покажал како многу делотворен на тој план. Состојките кои ќе ви бидат потребни се лесно достапни:
• 1 литар вода
• две големи лажици куркума
• 400 грама кафен шеќер
• едно мало парче корен од ѓумбир
• 400 грама лук
Лекот се подготвува многу лесно. Во сад истурете ја водата и згответе ја заедно со шеќерот. Потоа додајте ги и останатите состојки. Напитокот пијте го во текот на денот.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.