Гоца Тржан и Раша донесоа конечна одлука за посвојување на дете: Ќе го сакам како мојата Лена, пејачката емотивна откри се за најголемите стравови!

Јавноста е запознаена дека Гоца Тржан и Раша Новаковиќ со години се борат за потомство.
Имено тие важат за еден од најхармоничните парови, а бидејќи не им се исполни големата желба да имаат заеднички деца, во еден момент размислувале и да посвојат дете.

Пејачката од претходниот брак ја има ќерката Лена која сегашниот избраник на Гоца ја прифатил како негово дете.

Многу обиди за ин витро оплодување не дадоа резултат, па Гоца Тржан и Раша Новаковиќ донесоа одлука да посвојат дете.
Но за жал пејачката и нејзиниот сопруг немаат можност за посвојување бидејќи според закон разликата меѓу посвоителот и посвоеното дете не може да биде повеќе од 45 години.

– Постапката за посвојување деца е застрашувачка бидејќи мора да се исполнат различни барања, а има и одредени ограничувања. Мора да собираш хартии и да се бориш со глупости две-три години. Разговарав со Сергеј Четковиќ, кој ги посвои ќерките и кој ќе се обиде да направи нешто за да ги забрза тие процедури.
– Бидејќи не можеме да посвоиме бебе, јас и Раша се договоривме да избереме дете кое финансиски ќе го издржуваме – открила за „Глорија“ Гоца, која сега на оваа чувствителна тема зборуваше во нејзината емисија „Ако зборувам“ со нејзиниот пријател Сергеј Четковиќ, кој и самиот е татко на две посвоени девојчиња.
– Со Радомир разговаравме за посвојување. Ќе ви кажам кој е мојот страв кога станува збор за посвојување. Мислам дека тоа е најубавото нешто што човек може да му го даде на друг човек, а тоа е сигурност, љубов, иднина…

Гоца Тржан и Раша донесоа конечна одлука за посвојување на дете: Ќе го сакам како мојата Лена, пејачката емотивна откри се за најголемите стравови!

– Пред се иднината, да го спасиш од нешто што е сосема неизвесно и којзнае како би изгледало без тебе – ја отвори душата пејачката откривајќи го својот најголем страв:
– Бескрајно сум емотивна исто како тебе, толку многу се вложувам и се плашам дека ќе посвоиме дете и ќе го сакам како што ја сакам Лена и дека еден ден ќе се случи како во тие американски филмови. Ако детето сака да се врати кај биолошките родители, мислам дека моето срце ќе се скрши на 500 милиони парчиња – искрена беше Гоца.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.