Седум француски туристи од кои четири се деца, се грабнати од неидентификувана вооружена група во северен Камерун во близина на границата со Нигерија, соопштија безбедносни извори за AFP, а истото го потврди и францускиот претседател Франсоа Оланд кој престојува во посета на Грција.Туристите се враќале од националниот природен пар Ваза, кога кај камерунскиот локалитет Даданг на границата со Нигерија. ги пресретнале вооружени мажи на мотоцикли и ги однеле во непознат правец, изјавил претставни на камерунските безбедносни сили.„Во потера сме по грабнувачите долж границата со Нигерија“, потврдил за AFP.Претседателот Франсоа Оланд им потврди на новинарите кои ја следат неговата посета на Грција дека француските државјани ги грабнала терористичка организација чиешто седиште е во Нигерија и им е позната на француските власти, пренесува Reuters.Ова е прв случај на грабнување на западни туристи во самиот Камерун, додека инаку чести се земањата заложници во водите на оваа африканска земја која има излез на Гвинејскиот залив а последната се случила на 8-ми февруари, пишува AFP.
МакфаксСедум француски туристи од кои четири се деца, се грабнати од неидентификувана вооружена група во северен Камерун во б