Град Скопје ги попари медиумите: Скопје не е ниту најзагаден град во Македонија, а не пак во светот

Почитувани,

Утрово како и секој друг ден од почетокот на грејната сезона сведоци сме на лажни вести кои во 21. век, во ера на информатичка технологија, кога податоците и вистината се достапни за секого може да се проверат.

На средба со дијаспората, само со албанско знаме: Која држава ги плаќа прошетките на Меџити и кое знаме треба да го почитува?!
По којзнае кој пат, Изет Меџити наместо македонското, го употребува албанското знаме и тоа на посети платени од Буџетот на Република Македонија, потпочно од нашите џебови. Меџити деновиве се прошета во …
Осомничениот за атентат на Трамп оставил морничава порака: Ќе понудам 150.000 долари…
Човекот осомничен за обид за атентат на Доналд Трамп на терен за голф на Флорида оставил белешка во која пишува дека имал намера да го убие поранешниот претседател на САД, а …

Имено, неразбрлива е за нас потребата од пласирање на сензационалистичката лага за наводна загаденост на градот Скопје, особено поради фактот што светскиот мониторинг сервис „WAQI“ кој во реално време ги покажува податоците за нивото на загаденост во сите градови во светот, јасно покажува дека Скопје не е ниту најзагаден град во Македонија, а не пак во светот. Дополнително и на националните мерни станици се потврдува истото.

Како најзагадени градови во Македонија во последните 48 часа се Кавадарци, Струмица и Тетово.

Во реално време можете да ги следите резултатите од мерењата од сите градови и држави во светот на
https://waqi.info/

ОДДЕЛЕНИЕ ЗА ОДНОСИ СО ЈАВНОСТА

ГРАД СКОПЈЕ

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.