Град Скопје ќе ја одбележува годишнината од земјотресот со Влатко Стефановски и Танос Ставридис

Градот Скопје денеска ја објави програма за одбележување на 56 години од катастрофалниот земјотрес. На 26 јули во Градскиот парк ќе се одржи концерт на кој ќе настапат неколку балкански ѕвезди: Влатко Стефановски, Танос Ставридис (најпознатиот грчки accordion (хармоника) музичар), Биља Крстиќ и Биг Бенд.
-26 јули е денот кога се потсетуваме на еден тажен момент од животот на Скопје. Но, тоа е и ден кога треба да го славиме животот, да ја славиме хуманоста и подадената човечка рака. Никако не треба да ја заборавиме светската мобилизација за помош на Скопје и негоите жители. Исто така, овој ден е значаен бидејќи треба секогаш да се потсетуваме дека нема играње со приридата и дека ова може да му се случи секому.
И по 56 години важно е да се чествува овој ден и сите да се потсетиме на тоа што се случило. Важно е да ги потсетуваме и младите генерации на она што светот го направил за нас, зашто сама така ќе ги научиме што значи хуманост и подадена рака во тешки моменти.
Овој ден не го нарекуваме прослава, ниту пак чествување. 26 јули е ден на хуманоста, ден на добрите дела и ден за сеќавање на сите што не се повеќе со нас, велат од Град Скопје.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.