Градинките може да се затворат ако се зголеми бројот на заболени од Ковид-19
За целодневниот престој ќе се одлучува утре изутрина. Директорот на скопскиот Центар за јавно здравје, Виктор Исјановски, потенцира дека епидемиолошката слика е основата по која што се водат и ќе се водат и во следниот период во кој се очекува есенскиот бран на новозаразени.
Ако нагло порасне бројот на заразени деца, и градинките коишто веќе се отворени – повторно ќе ги затворат вратите.
„ДА, МОЖНО Е, ТОА ГО КАЖА И МИНИСТЕРОТ, ДА СЕ ПРЕЗЕМАТ ОДРЕДЕНИ МЕРКИ И ДА СЕ ДАДАТ ОДРЕДЕНИ НАСОКИ ОД КОМИСИЈАТА КОН ВЛАДАТА. ПОСЛЕДНАТА ИНФОРМАЦИЈА КОЈАШТО ЈА ИМАВМЕ НА КОМИСИЈАТА ЗА ЗАРАЗНИ БОЛЕСТИ Е ДА НЕМА ЦЕЛОДНЕВЕН ПРЕСТОЈ МЕЃУТОА ЗНАЕТЕ ДЕКА УТРЕ ИМАМЕ СОСТАНОК НА КОМИСИЈАТА ВО ОСУМ ЧАСОТ ИЗУТРИНА, МОЖЕБИ. ЌЕ ГО СЛУШНЕМЕ СТАВОТ НА МИНИСТЕРОТ И НА ОСТАНАТИТЕ ЧЛЕНОВИ НА КОМИСИЈАТА И ДОКОЛКУ УТРЕ ИМАМЕ НЕКАКВА ИНФОРМАЦИЈА ИСТАТА ЌЕ ВИ БИДЕ ДАДЕНА“ ИЗЈАВИ ВИКТОР ИСЈАНОВСКИ, ДИРЕКТОР НА ЦЕНТАРОТ ЗА ЈАВНО ЗДРАВЈЕ – СКОПЈЕ.
Министерката за труд и социјала Јагода Шахпаска, под чијашто надлежност се градинките вели дека внимателно следат како се развива состојбата со вирусот и ги следат сите препораки на Комисијата.
Досега од 311 установи за згрижување деца, во неколку имало изолирани случаи на воспитувачи заразени со Ковид.
Таков пример е последната информација којашто доаѓа од тетовскиот Центар за јавно здравје, каде што две воспитувачки се позитивни на Ковид-19. Првата вработена, која добила позитивен тест на 18 септември, воопшто не одела на работа. Вчера е утврдено дека уште една вработена е позитивна на вирусот, по што таа е изолирана, заедно со две нејзини колешки со кои била во контакт.
Во групата со која работела имало само две деца, на кои им е кажано да останат дома и нивната здравствена состојба се следи.
„ВО МОМЕНТОВ, ОД 311 ОБЈЕКТИ ИСКЛУЧОК ИМАМЕ САМО ВО НЕКОЛКУ ГРАДИНКИ КАДЕ ШТО ИМА ВРАБОТЕНИ СО СИМПТОМИ. ДЕЛ ОД НИВ БЕА ПРЕД ОТВОРАЊЕТО НА ГРАДИНКИТЕ, КАКО ШТО БЕШЕ ПРИМЕРОТ СО ГРАДИНКАТА ВО СВЕТИ НИКОЛЕ КОЈА ЗАРАДИ ТОА ИМА ОДЛОЖЕН ПОЧЕТОК СО РАБОТА. ИМАВМЕ ВОСПИТУВАЧИ ВО БИТОЛА, КОГА ЗАРАДИ НИВНАТА ЗДРАВСТВЕНА СОСТОЈБА БЕА СТАВЕНИ ВО ИЗОЛАЦИЈА И НИВНИ КОЛЕГИ. ВО СТРУМИЦА ИМАМЕ НЕКОЛКУ СЛУЧАИ. БУДНО ЈА СЛЕДИМЕ СОСТОЈБАТА“ ИЗЈАВИ ЈАГОДА ШАХПАСКА, МИНИСТЕРКА ЗА ТРУД И СОЦИЈАЛНА ПОЛИТИКА.
Од околу 19 илјади слободни места во градинките, родителите пријавиле помалку од 15 илјади деца. Анализите на терен покажале дека ниту таа бројка не е исполнета и дека има родители чии деца се запишани, но не ги носат во градинка.
Во меѓувреме, министерката за труд и социјала, Шахпаска кажа дека во вторник Владата ќе има седница, но потсети дека само пациентите со хронична болест коишто имаат потврда од специјалист ќе останат дома. Нагласи дека нема причина и потреба да се носи дополнителна одлука, хронично болните да продолжат со принудното боледување.
Среда, 23 септември е денот кога тие треба да се вратат на работа.