Градоначалникот на Бутел објави видео од наводно рушење на дивоградба – граѓаните се убија од смеење

На социјалните мрежи со цел да се пофали, градоначалникот на Бутел, Дарко Костовски објави урнебесно видео во кое наводно руши дивоградба, сепак граѓаните не се толку наивни па Костовски беше жестоко критикуван за лошата глума, а дел од граѓаните го испратија во Боливуд.

Градоначалникот на Бутел објави видео од наводно рушење на дивоградба – граѓаните, велат внатре има трева бараат да не се брука

Имено се работи за видео снимено минатата недела во кое, Костовски наводно руши дивоградба, но ако го погледнете подобро видеото ќе забележите дека во внатрешноста на објектот има трева, што упатува на тоа дека истиот е монтиран само за собирање на политички поени.

За ситуацијата да биде уште посмешна објектот се наоѓа на државно земјиште што ги олеснува околностите во креирањето на сценариото и овозможува да не биде покрената никаква понатамошна постапка за наводниот сопственик на „дивоградбата“.

Погледнете дел од коментарите на видеото погоре:

Сепак дел од граѓаните кои што имаат проблеми во општината му посочија реални дивоградби кои треба да се урнат, но не добија никаков одговор.

Да потсетиме дека Костовски ја блокираше изградбата на булеварот „Боца Иванова“ кој минува низ узурпирано земјиште на некои дел куќите лоцирани во близина. Станува збор за делови кои биле државна сопственост, кои граѓаните ги узурпирале, а дел од нив изградиле на локациите базени.

Наместо да го спроведе законот и да ги урне дивоградбите тогаш Костовски излезе на протест заедно со граѓаните кои узурпирале државно земјиште да го штити интересот на поединци.

Очигледно оваа снимка е обид да се врати рејтиног на Костовски за кој во четвртокот целата македонска јавност дозна дека стои зад блокадата на КХС со цел угушување на Скопје во смет. Советничката Ирена Витина ја покажа фотографијата во прилог на која се гледа градоначалникот на општина Бутел, Дарко Костовски како седи на маса со претседателот на синдикатот во КХС, од кланот Дардишта само неколку дена откако се дадени првите отказни решенија за луѓе кои не оделе на работа, а земале плата во претпријатието.

Таа посочи дека на оваа средба е договорено да се удави главниот град во смет за кај граѓаните да се создаде гнев кон градоначалничката Данела Арсовска, а потоа да се соберат политички поени од страна на градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ кои наводно тргнаа во акција да го чистат градот.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.