Градоначалникот на Дубровник, Мато Франковиќ, донесе одлука да ги забрани куферите со тркала.
Благодарение на оваа одлука, на туристите во Стариот град на Дубровник им е забрането да влечат куфери на тркала, што би значело дека доколку туристите поседуваат таков куфер, ќе мора да го носат в раце до локацијата каде што сакаат да стигнат.
Градоначалникот Франковиќ изјави дека причината за новата политика е всушност обидот за сузбивање на звучното загадување бидејќи локалното население е уморно ноќе да го буди звукот на туристичките куфери на камени плочи.
Доколку некој биде фатен како тркала куфер може да добие казна од 265 евра, а според градоначалникот оваа мерка е само почеток на промените. Имено, тие планираат да воведат систем каде туристите ќе ги оставаат куферите надвор од градот, кои подоцна ќе бидат транспортирани до сместувањето.
Туристите исто така добија насоки да не ги шетаат своите миленици без поводник, да не шетаат без кошула и да не се качуваат на споменици, бидејќи на тој начин ќе покажат „почит“ кон градот.