Граѓаните изразија поддршка за членство во НАТО и ЕУ со прифаќање на Договорот од Преспа меѓу Македонија и Грција, сметаат САД

САД ги поздравија резултатите од референдумот во Македонија, со кои граѓаните изразија поддршка за членство во НАТО и ЕУ со прифаќање на Договорот потпишан во Преспа.
,,САД силно ја поддржуваат целосната имплементација на Договорот од Преспа, кој и овозможува на Македонија загарантирано место во НАТО и ЕУ, што ќе придонесе кон регионалната стабилност, безбедност и просперитет“, се вели во соопштенето на американскиот Стејт департмент.
Во периодот кој следи македонското Собрание ќе започне расправа за уставните измени. Стејт департментот ги повикува лидерите на партиите да се издигнат над партиските интереси и да не ја испуштат историската можност да обезбедат светлата иднина за земјата.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.