Граѓаните им должат на банките речиси четири милијарди евра

Вкупниот долг на македонските граѓани кон банките изнесува 3,9 милијарди евра, покажува последниот извештај на Народна Банка. Според НБРСМ, долгот на населението кон банките во август бил за 0,4 проценти повисок во однос на истиот месец минатата година, а на годишно ниво задолжувањето се зголемило за 7,2 проенти.

Во текот на август граѓаните најмногу се задолжувале со девизни кредити, но генерално, на годишно ниво, во вкупната маса преовладуваат денарските кредити. Бројките покажуваат дека потрошувачките кредити се избор на граѓаните кога имаат потреба од пари – во вкупниот долг, таквите кредити учествуваат со повеќе од половина (2,02 милијарди евра).

Во август, барањата за потрошувачки кредит забележале раст од 0,3 проценти, додека на годишно ниво се бележи зголемување од 6,4 проценти. . Кај станбените кредити месечното зголемување е за 0,8, а годишното за 10,8 проценти.

Во текот на минатиот месец, банките одобрувале нешто повеќе кредити за компаниите (раст од 0,5 отсто), додека на годишно ниво порастот изнесува 8,1 отсто. Според Народна банка, тоа во целост е резултат на зголеменото кредитирање во денари, додека кредитите во странска валута се намалени.

Пронајдете не на следниве мрежи: