Граѓаните кои платија поскапо автомобилско осигурување да пријават, повика ОПМ






Организацијата на потрошувачите на Македонија информира дека го започна проектот Јакнење на правата на потрошувачите во финансиските услуги преку кој ќе ги заштитува интересите на потрошувачите при користење на финансиските услуги и ќе помогне во спогодбено решавање на сите проблеми кои потрошувачите ги имаат со давателите на финансиски услуги: банките, штедилниците, финансиските друштва, давателите на финансиски лизинг и осигурителните компании.

Како дел од проектот се изработи платформата ПРИЈАВИ ПРОБЛЕМ ЗА ФИНАНСИСКИ УСЛУГИ, преку која сите оштетени потрошувачи може да пријават проблем со одреден давател на финансиски услуги, а ОПМ ќе се обиде да го реши по институционален пат.
„За таа цел ве информираме дека како проблем кој се јави изминатиот период за потрошувачите кои беа оштетени во однос на осигурителните компании за плаќање на повисок износ за полисите за задолжително осигурување од автомобилската одговорност во периодот од 25.04.2024 година до 07.05.2024 година, кога цените беа процентуално покачени, можете да поднесете пријава токму на оваа платформа ПРИЈАВИ ПРОБЛЕМ ЗА ФИНАНСИСКИ УСЛУГИ, а ОПМ ќе се обиде спогодбено преку надлежните институции во сферата на осигурувањето да ги заштити вашите права.“, соопштија од организацијата.
Од организацијата информираа дека надлежните институции кои ќе бидат контактирани за одделните даватели на финансиски услуги, а кои имаат овластувања да вршат надзор над нивната работа се: НБРСМ (банките и штедилниците), Министерство за финансии (финансиски друштва – брзи кредити и финансиски лизинг), Агенција за супервизија за осигурување – АСО (друштва за осигурување, осигурително брокерски друштва, друштва за застапување во осигурување) и Државен пазарен инспекторат – ДПИ (измамнички реклами на финансиски производи и услуги за сите финансиски институции).
Проектот е финансиран од European Innovation Council and SMEs Executive Agency (EISMEA) и Европската потрошувачка организација- BEUC.
 

Извор








Пронајдете не на следниве мрежи: