Граѓаните на Тбилиси на необичен начин ја накитија новогодишната елка! Симболите на Украина, ЕУ и САД служат како украс! (ФОТО, ВИДЕО)

Во Тбилиси, демонстрантите украсија новогодишна елка со различни слогани што властите ги поставија во близина на парламентот, а на полноќ започнаа со огномет недалеку од зградата.Поддржувачите на опозицијата повторно се собраа пред парламентот во центарот на главниот град и ја блокираа авенијата Руставели.
“Ivanishvili stole Christmas”“Bloody Christmas Tree” Tbilisi’s mayor Kakha Kaladze covertly attempted to set up a Christmas tree overnight following the dispersal of protests. In response, citizens adorned the tree with photos of victims of the regime’s violence—those beaten… pic.twitter.com/gcwnOjmwDm— Katie Shoshiashvili (@KShoshiashvili) December 8, 2024
Демонстрантите потоа ја украсија новогодишната елка, која беше поставена во близина на парламентот, со знамињата на Грузија, Украина, ЕУ и САД.– Околу полноќ по локално време, демонстрантите испукаа неколку огномети кон зградата на парламентот на овации на толпата, додека со камења и тупаници гласно удираа и во металната ограда на парламентот – пренесува РИА Новости.Серија протести на опозицијата започнаа во Грузија на 28 ноември, откако премиерот Иракли Кобахиџе објави одлука да го прекине разгледувањето на почетокот на преговорите за членство на земјата во Европската унија до 2028 година.

Пронајдете не на следниве мрежи: