Грејната сезона на почеток – скопјани почнаа да се гушат

Грејната сезона е на самиот почеток, а загаденоста веќе неколку пати го минува дозволениот праг на штетни честички во воздухот. Институциите само на хартија се залагаат за спроведување на 39-те прифатени мерки за намалување на загадувањето. Нема информација колку и какви активности се преземени. По последниот интерсекторски состанок во министерството за животна средина, заклучокот на центарот Еко Свест е дека институциите не се отчетни за својата работа. Тие реагираат дека до сега ниту законот за возила кој предвидува еколошки налепници, се уште не е потпишан од министерот за економија. Од министерството, пак одговараат дека законот за возила не е потпишан бидејќи текстот требало да претрпи измени кои биле констатирани на владина седница.
Од Град Скопје тврдат дека интезивно и системски работат на активностите од планот за подобрување на квалитетот на воздухот кој опфаќа 53 краткорочни, среднорочни и долгорочни мерки. Од аспект на загревањето велат формирано е новото јавно претпријатие Градски енергетски системи кое ја реализира постапката за преземање на градската топлификациона мрежа. Во меѓувреме, сезоната започна а вториот јавен повик за субвенционирање на печки на пелети се уште не е објавен.
„Во јавниот повик распишан во мај годинава беа доделени 187 субвенции за набавки на печки, а набргу ќе се распише и уште еден ваков јавен повик.“
Градските власти тврдат дека паралелно се преземаат повеќе мерки за чистење на диви депонии, засилени конроли особено во Лисиче, Вардариште, Злокуќани, изградба на нова вело инфраструктура, садење дрва.
„Во однос на сообраќајот, Градот Скопје инвестира големо време и енергија во промоција на транспортен систем кој е модерен и еколошки, преку користење на јавниот превоз, како и комбинирани форми на превоз без автомобили.
За осовременување на јавниот превоз со нови модерни и еколошки автобуси, Град Скопје најави набавка на 30-тина нови автобуси на еколошко гориво и ќе ги заменат старите дотраени дизел возила на ЈСП без клима и дополнителна опрема. И додека граѓаните ги чекаат институциите да го решат проблемот со изворите на загадување, спас и оваа зима, најверојатно, ќе биде ветерот.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.