Силно невреме вчера ги зафати Словенија и Хрватска, каде за само два часа се забележани повеќе од 20 илјади молњи, а на небото над Словенија се случувала вистинска драма. Во авионот “Фалкон“ на Владата на Србија во кој кон Љубљана летал српскиот министер за надворешни работи Ивица Дачиќ удрил гром. Искусниот и присебен пилот успеал безбедно да го приземји авионот на љубљанскиот аеродром, по што министерот Дачиќ го продолжил патот кон Блед каде учествува на Стратешкиот форум.
“Пилотот беше присебен. Не беше пријатно, но ми рекоа дека авионот никаде не е пробиен. Одиме понатаму. Се слушна помала експлозија, видов блесок. Но, никој не ни може ништо“, изјавил министерот Дачиќ за српските медиуми по инцидентот.
Ова не е првпат на министерот да му се случи ваква непријатност. Кон крајот на мај, авионот во кој се наоѓал Дачиќ се расипал и морал итно да слета на аеродромот во Атина и тоа во рок од 15 минути.
Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.