Груевски демантира дека побегнал во багажник

Откако премиерот, Зоран Заев во интервју за германски весник “Франкфуртер алгемајне цајтунг“ изјави дека Груевски побегнал криејќи се во багажник на автомобил, поранешниот премиер Никола Груевски, сега пребеган во Унгарија на својот профил на Фејсбук одговара на изјавата на премиерот Заев и вели  дека на памет не му паднало да влегува во багажник за какви било цели.
– Вистината ја знае и Заев. Заминав бидејќи во Македонија се водеа политички мотивирани процеси против мене во кои што однапред се знаеја пресудите нарачани од него лично, иако не постоеја никакви правни аргументи, никакво сторено кривично дело, а според тоа ни докази. Заминав бидејќи во затворот ми подготвуваа линч. Вистината е дека заминав многу лесно и едноставно, а тој пред некој ден потроши четвртина од емисијата за отчет говорејќи за мене и како сум заминал, со лажење и фантазирање. Па потоа почна да го лаже и светот преку меѓународните медиуми, напиша Груевски.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.