Груевски експресно доби азил! Дали е договаран пред бегството? Оти се чини дека оваа операција била подготвувана и егзекутирана од поодамна. Ова го тврдиме бидејќи не е бегството и барањето на азил транспорт на компири или мебел. Документите покажаа дека патувањето било припремено документациски во Тирана во амбасадата на Унгарија и дека потоа се си врвело без проблем.
Многумина исто така се прашуваат дали ова беше операција намерно спроведена токму сега за да се одвлече внимание од промената на името во парламентот. Оти 12 дена се говори за Груевски а не за промената на името и Уставот на РМ.
Од Будимпешта се огласи Груевски со статус кој го пренесуваме во целост подолу: