Груевски избришан од почесен претседател на ВМРО-ДПМНЕ, донесени контроверзни измени на статутот на партијата
Мицковски и понатака кон незадоволното членство испраќа пораки дека ќе прави Влада. Овој пат обландата е неговиот Централен комитет. Тие го овластиле да составува Влада. Ова ќе беше во ред да беше возможно. Се знае дека според Уставот мандатот го добива тој што има најмногу пратеници. А тоа во овој случај не е Мицковски. Веројатно се игра на варијантата со ментална гимнастика да се држи под контрола незадоволното членство кое се погласно бара негова оставка.
Од вечер и Груевски, поради статутарни промени не е веќе почесен претседател. Избришана е оваа можност и функција од статутот.
Соопштението што беше лиферувано се обидува да создаде слика дека со овој статут Мицковски си го ограничил мандатот. На „само“ три пати по 4 години. И тоа било демек демократизација.
Вечерва Рангелова побара оставка од Мицковски поради 3 последователни изборни порази:
Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.